Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со целосна поддршка за Христијан Мицкоски. На вечерашната седница на ЦК, едногласно е отфрлена потребата од вонреден конгрес, брифираат од партијата.
Исто така, на седницата која се уште е во тек, се очекува да бидат потврдени одлуките од состанок на Извршниот комитет на партијата од петокот. Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса.
Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ започна во 19 часот. Се уште нема најава кога ќе заврши.