Најчевска за Каракамишева: Не смее да се дозволува глупи луѓе да бидат професори

0

Статус на Мирјана Најчевска

“Мислам дека е редно за одредени професии да се прави тест на елементарна интелигенција. Навистина не знам како одредени луѓе завршуваат факултет и магистрираат и докторираат. Тоа е посебна тема.

Меѓутоа не смее да се дозволи очигледно глупи луѓе да бидат професори.
Значи има неколку вида мнозинство со кое се донесува одредена одлука.
Еве, апсолутно мнозинство од 120 е 61 (кога вкупниот број е 120). Ако е 60 не е мнозинство нели туку е еднакво или пата -пата. За да стане мнозинство треба на едната страна да има барем еден човек повеќе, а на другата барем еден помалку од 60 како бројка на еднаквост.

Просто мнозинство е мнозинство од присутните. На седница биле присутни 90 и мнозинство би било 46. Двотретинско мнозинство секогаш се пресметува од вкупниот број. Значи не две третини од присутните туку од сите 120 пратеници.

Двотретинско мнозинство од 120 е кога две третини од тие 120 или 80 души се на една страна а 40 на друга. Нели 80 е повеќе од 40 и заради тоа е мнозинство, а во исто време 80 претставува две третини од 120 и затоа е двотретинско. И јас навистина мислам дека мојот универзитет треба да размисли за воведување на тестови за интелигенција“

Претходна статијаСнеже Велков позгодна од било кога се враќа на ТВ екраните
Следна статија(ФОТО) Русија нема да го промени ставот, за нив остануваме Репбулика Македонија