Му напишав на дечко ми дваесет правила кои мора да ги почитува

0

Секоја врска е индивидуална и нема смисла да се прават споредби. Сепак, често знаеме да го правиме тоа, па затоа и се консултираме со пријателките за да дознаеме дали нашите замисли се ригорозни.

Една Американка покажала колку далеку можат да одат девојките кога се во прашање правилата во врската. Таа направила листа од 22 правила до кои нејзиниот дечко мора да се придржува. Сосема очекувано, оваа листа станала вирална:

Не смееш да го даваш твојот телефонски број на слободни девојки, да следиш слободни девојки на социјални мрежи (вклучувајќи ги Инстаграм, Снепчет и Твитер)

Не смееш да се дружиш со Киган (ниту кај него дома ниту на друго место),  да одиш во Хонда без мене,  да се дружиш со твоите пријатели повеќе од два пати неделно, ниту да погледнеш слободна девојка.

Ако ти пријде некоја девојка на кое било место, ти само замини си. Никој не смее да се дружи со нас, кога сме излезени ние двајца.

Не смееш да бараш орален секс, ниту никогаш да ми се налутиш за што и да е.
Повеќе не го споменувај Тајлер, Ноа, Девен или Џош.

Смеам да ти чепкам по телефон секогаш кога ќе посакам. Ако почнеме да живееме заедно, никогаш не смееш да носиш други девојки дома. Твоите пријатели ретко кога ќе доаѓаат кај нас. Ако те фатам со други девојки, ќе те убијам.

Остин не одлучува кога јас ќе излегувам со тебе. Ќе одиме на љубовен состанок минимум еднаш во две недели. Ако кажам „скокни“, ќе прашаш: „Колку високо, принцезо?“

Мораш да се обидеш барем еднаш дневно да ми кажуваш дека ме сакаш, за да знам дека не се плеткаш со други девојки. Не смееш никогаш да ме оставиш да го чекам твојот одговор на пораките подолго од 10 минути.

По оваа листа, следела лавина од коментари. Додека еден корисник порачал само „бегај“, другите коментирале дека ова класично насилничко однесување кај жените понекогаш може да се смета за слатко.

Претходна статијаМустафа Сандал полудел од бес – Емина ги запозна синовите со турскиот милионер!
Следна статијаВо Австралија се детектирани чудни сигнали од вселената – научниците се во недоумица