Мицкоски со контраудар за крилото кое му прави опструкции – се сликаше со младите од УМС

0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави фотографија со подмладокот на партијата.

-Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали. Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Јасно е дека сите оставки во последните неколку денови, почнувајќи од Даниела Рангелова, претседателка на Унијата на жени на партијата, Генералниот секретар на унијата на жени, како и претседателот на подмладокот Лука Кржаловски се оркестрирани од еден центар.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, со денешната објава на социјалните мрежи, најверојатно сака да покаже единство во партијата, бидејќи, во секој случај, оставките на некои поединци се изолирани случаи.

Дали во внатрепартиската битка ќе победат ретроградните ликови, кои се и највиновни за поразот на последните избори, истовремено полни со желба за одмазда поради исклучувањата, или новото раководство на чело со Претседателот Мицкоски, останува да видиме.

П.П.

Претходна статијаФОТО: Македонскиот Олимпиец и најдобар биатлонец на кладилница доби 9 милиони
Следна статијаОтидов во Шведска бидејќи морав, но овде станав човек – исповед на млад Скопјанец