Легендарниот глумец од Хонгконг, Ча Јун-Фат (63) одлучи своето богатство од 715 милиони долари да го поклони на добротворни цела, пренесуваат кинеските медиуми.
Глумецот кој доби Оскар за филмот „Прикриен тигар, сокриен змеј“ познат е по тоа што води скромен живот, а троши само по 100 долари на месец.
Ча Јун-Фат е познат и по тоа што еден мобилен телефон користеше 17 години, а дури пред две години премина на паметен телефоно откако му се расипал стариот телефон. Глумецот е во брак со својата сопруга Јасмин Тан со која немаат деца.