Избран нов координатор на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Мицевски најверојатно ќе биде нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијалните информации, пратеникот од Штип ќе ги води пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои останаа лојални на партиската политика.

Мицевски ќе биде единствен координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која сега брои 39 пратеници.

Минатата година ВМРО-ДПМНЕ во Собранието броеше 51 пратеник, поделени во 10 пратенички групи.

Мицовски беше шеф на изборен штаб во третата изборна единица кога носител на листа беше Илија Димовски.