ФОТО: Имаме и ние „коњи за трка“ – Македонец ја облекува Џенифер Лопез

0

Помеѓу славните гостинки на манифестацијата по повод доделувањето на наградите Women in Hollywood од списанието Elle беше и Џенифер Лопе.

Интересно за нас е она што на свеченоста, 49-годишната пејачка и актерка се појави во невообичаена креација од австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. Својот изглед, атрактивната музичка ѕвезда го комплетираше со сандали од Џими Чу и прстени од Hearts on Fire.

Лопез со краток говор полн со комплименти ја претстави Лејди Гага, која не можеше да си ги задржи солзите.

„Ти си неверојатна девојка од Њујорк. Те сакам. Навистина те сакам. Ти инспирираш, не само мене, туку инспирираш цела генерација луѓе да ги следат своите соништа“ – рече таа пред да ѝ честита за талентите кои ги покажува во филмот „A Star Is Born“.

Претходна статијаСе носи нов закон во Бундестагот: Еве од кога ќе може во Германија да работите со македонски пасош
Следна статијаВИДЕО: Катастрофална грешка на Димитриевски – македонскиот голман како аматер