Хрватка која живее веќе 10 месеци во Нов Зеланд раскажува дека откако ќе ги плати сметките и другите трошоци, 70% од платата ја има на располагање.
Таа се пријавила за постојан престој во Нов Зеланд, а во Хрватска доаѓа само на годишен одмор.
„Нов Зеланд не беше мој избор, не беше ни на листа на мои опции. Одлуката беше спонтана. Планирав заминување, но не знаев ни кога, ни како. Барав заминување во денови кога ми беше најтешко и тогаш бев мотивирана да заминам“ – вели Николета Гламузина.
Таа налетала на блог на кој имало детали за тоа како може да се замине во Нов Зеланд.
Пред да замине живеела во Загреб и работела во банка.
Раскажува дека незадоволството од работата и од целото опкружување ја натерало да замине од родната земја.
Вели дека во Нов Зеланд може лесно да се најде работа која е сезонска за 3 месеци, но тешко се доаѓа до постојана работа.
Работи како администратор во фирма на Нов Зеланд, но додава дека пред да добие работа пратила 500 молби и препораки за да добие вработување.
Гламузина вели дека Нов Зеланд има повеќе можности и нуди квалитетен живот. Објаснува дека работници се бараат и се ценат повеќе, а луѓето се љубезни.
Додава дека со платата може да ги покрие сите трошоци, да оди на кино, театар, да излезе во ресторан, но сепак проблем е станбеното прашање затоа што становите се скапи.
Оваа Хрватка вели дека 10% од платата се троши за храна, 20% за сметки, а другите 70% ги троши на што ќе посака.