Ване Цветанов со отворено писмо до Христијан Мицкоски – Што ќе кажеш сега за лагите дека власта коалицирала со Сашо Мијалков?

0

ОТВОРЕНО ПИСМО до Христијан Мицковски:

Дојде време, дојде час, да се слушне Христијане, твојот глас!

Што имаш да кажеш сега за лагите дека власта коалицирала со Сашо Мијалков?

Каде е таа, според тебе криминална коалиција?

Не Мицковски, немало и нема таква коалиција.

Криминалците се во твојата партија!

Не ти поминува обидот за поистоветување.

НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ!

Злосторничкото здружение што 12 години ја уништуваше Македонија е во твојата партија!

Арамиите, криминалците и унуштувачите на илјадници судбини се во твојата партија.

Немој уште еднаш да се обидуваш да ставаш знак на равенство, немој! Пак ќе се изгориш.

Не можеш да ги рамниш и поистоветуваш злосторниците од твојата партија, со ниту една партија. Можеш да ги рамниш само со тешки режими или со Хитлер!

А штом ЈА ЛАЖЕШ ЈАВНОСТА ЗА ДА ПОМОГНЕШ НА КРИМИНАЛЦИ И ТИ СИ ТАКОВ! ИЛИ ПАК СЛЕП ПРИКРИВАЧ-ПОМАГАЧ на криминал!

Сега, ако имаш грам достоинство и демократски манири, ќе се извиниш и ЌЕ СИ ДАДЕШ ОСТАВКА!

Очајно е твоето слугување на монструмот Груевски, кој што ја уништи Македонија и целиот правен поредок!

Груевски уништи илјадници судбини, а сега глуми жртва во Унгарија.

Но ТИ Христијане.

ТИ!

Ти си соучесник во сите злосторства!

Ти го браниш јавно! А којзнае што си правел и правиш тајно!

Во Кривичниот законик има кривични дела кои се викаат “ПРИКРИВАЊЕ” или пак “ПОМАГАЊЕ”.

Дали си свесен Хрисријане што направи и што правиш?

Се што кажа излажа до сега.

А мисли му ја Христијане, ако си влегол во одредени шеми.

ПРАВДАТА ДОАЃА ХРИСТИЈАНЕ!

Ване Цветанов

Жртва на режимот на Груевски, Мијалков, и голем дел од обвинетите злосторници.

Претходна статијаНајпопуларниот ски-центар за Македонците воведува нова промена за посетителите
Следна статијаФОТО: За првпат Дарко Лазиќ се огласи по несреќата и објави слика од болницата