Мијалков не се појави на судење – Бектовиќ откри и зошто

0

Екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков утрово не беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари до Кривичниот суд, каде е закажано рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување.

– Поради краткиот временски период судот нема издадено навремено наредба за спроведување на обвинетиот од затворот и се одложува денешната расправа – рече судијката Џенета Бектовиќ.

Наредното рочиште за овој предмет е закажано за 4 декември. Мијалков вчера во синоќешните часови заврши во затвор откако судот за овој предмет му определи мерка притвор поради опасноста од бегство.

Извор: Фокус.мк

Претходна статијаМицкоски: Лажеа за рестартирањето на Југохром пред година ипол, лажат и сега
Следна статијаКамчев го превари Мијалков – Сашо доби само обична ќелија во Шутка