Камчев го превари Мијалков – Сашо доби само обична ќелија во Шутка

0

Сашо Мијалков во затворот Шутка е сместен во обична ќелија со други притворени лица кои не се поврзани со ниеден од предметите на СЈО.

„Обвинетото лице Сашо Мијалков не е сместен во хашките ќелии, како што ги нарекувате. Тој е сместен во ќелија на приземјето од затворот, со други осомничени лица“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски.

Малку посредената ќелија што се наоѓа на горниот спрат е зафатена од неговиот кумашин Орце Камчев кој е во притвор по барање на СЈО за предметот „Империја’.

Мерката притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков му е одредена за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тврдина-Таргет“, каде што тој е главен обвинет за нелегално прислушување на илјадници граѓани на Македонија.

Целата сторија може да ја прочитата на: СДК.мк

Претходна статијаМијалков не се појави на судење – Бектовиќ откри и зошто
Следна статијаРоберт Билбилов: Имав само 15 години – моите чичковци ме подготвија за најлошото