МВР: Груевски сеуште е во Унгарија и чека азил

0

По информациите кои излегоа во јавноста, дека поранешниот премиер Никола Груевски не е повеќе во Унгарија и избегал во друга земја, од МВР велат дека тој и понатаму е во Будмипешта

„Според сознанијата со кои располагаме и разговорите со МВР на Унгарија, Груевски се наоѓа во Унгарија каде ја чека одлуката на властите за неговото барање за азил“, велат од МВР.

Во меѓувреме, Министерството за правда забрзано работи на комплетирање на потребната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, но не посочуваат кога точно ќе биде завршена и испратена во Будимпешта.

Велат дека поради сензитивноста на материјалите, засега не можат да дадат повеќе информации.

Според информациите кои што вчера на сите страни се лиферуваа тој веќе ја напуштил Унгарија. Како потенцијална наредна дестинација е споменуван Азербејџан.

Се погласно се говори и дека кабинетот на Орбан директно учествувал во планирањето и изведувањето на оваа џемсбондовска операција. Некои медиуми ја спомнуваат и Москва. Но, не е јасна една работа. Како патува Груевски? Со какви документи?

Некои зборуваат и за Белоруска врска, оти според бројот на дипломатските таблички 055, кола со која наводно е пренесеуван, може да се дојде до коли кои им припаѓаат на белоруските дипломати…

Ако го проверите авијацискиот сајт „Флајт фајндер“ се гледа дека омилениот авион на Орбан деновите кога се случува драмата со Груевски, имал цел ден престој во Србија, на белградскиот аеродром. ОЕ-ЛЕМ е ознаката на авионот, сопственост на познат унгарски олигарх и милионер, но тој авион всушност беше летало кое често во приватни цели за
посети на фудбалски натпревари, како и на мундијаот во Русија, го користел унгарскиот премиер Орбан…

Унгарија е тивка деновиве и нема официјална потврда дека Груевски не е на нивна територија.

Претходна статија(ВИДЕО) Да се наежиш – Хор од Јордан ја пее „Македонско девојче“
Следна статијаМногу Македонци ќе бидат погодени: Борисов нареди проверка на пасошите од последните пет години