Времето во Македонија во утринските часови ќе биде променливо облачно, во источните делови се уште со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег.
Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност, а во вечерните часови од запад облачноста повторно ќе се зголеми и во западните делови ќе има повремен дожд.
Температурата ќе се движи во интервал од -2 до 14 степени. Во Скопје од 1 до 7 степени Целзиусови.
Нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.
Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати на секаде.
Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ утринава соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашаст снег.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.