(ФОТО) Прекрасни глетки: Македонија се разбуди во бело – Крушево и Маврово прекриени од снег

0

 

Изминатата ноќ на подрачјето на Македонија падна првиот „посериозен“ сезонски снег. Од она што може да се забележи на социјалните мрежи, Маврово и Крушево се пробудија во бело, под снежна покривка.

Секако ова ќе бидат радосни вести за најмалите кои со сигурност ќе се израдуваат на снегот кој оваа година и тоа како подрани.

Снежната граница поради падот на температурите има услови да се спушти и нешто под 1000 метри што значи услови за провејување на снег локално ќе има и низ населените места.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

ФОТО: Фејсбук

Претходна статијаИванов не попушта, бара расчистување на случајот до крај
Следна статијаМиленко со нова ексклузива: Груевски повеќе не е во Унгарија – откри каде се наоѓа сега