За повеќето невести, ноќта пред венчавањето е исполнета со возбуда, нервоза и со исчекување на големиот настан. Таков беше случајот и кај Кеси од Мелбурн, сѐ додека не добила серија шокантни пораки од непознат број. Не само што пораките ѝ ја уништиле венчавката, туку ѝ го свртеле целиот свет наопаку.
Несреќната девојка за порталот „Whimn“ ја раскажала својата приказна, и за тоа како му се одмаздила на неверниот свршеник.
Наздравувајќи со шампањско со своите деверуши, неколку часа пред венчавката, на нејзиниот телефон стасала порака која ги зачудила сите околу неа. Непозната личност ја прашала Кеси: „Јас не би се омажила за него. Сакаш ли ти?“ Потоа следеле пораки кои јасно покажале дека нејзиниот сакан води интимни разговори со друга жена.
“Овој викенд. Ти и јас. Ќе биде жешко“, одговорил на пораката свршеникот на Кеси, Алекс. „Имаш неверојатно тело. Кога барем мојата девојка би имала половина од она што го имаш ти“, била следната порака од Алекс. На непознатата жена, тој ѝ признал дека до тогаш, не бил толку поврзан со ниту една друга жена.
Шокирана и скршена, Кеси смислила план за одмазда. Решила фарсата да ја заврши на спектакуларен начин, во црква.
Кога стасала до олтарот, Кеси го извадила телефонот и пред сите гости ги прочитала пораките кои љубовницата на Алекс ѝ ги препратила. Читајќи го секој детаљ, таа пред сите присутни го понижила свршеникот.
Алекс потоа истрчал од црквата со својот кум, а Кеси одржала завршен збор. „Денеска нема да има венчавка, но место тоа ќе ја славиме искреноста, пронаоѓањето на вистинската љубов и слушањето на своето срце и кога боли“, рекла Кеси пред гостите. Забавата, пишува порталот од Австралија, траела до рано наутро.