Поранешната министерка за внатрешни работи во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска вечерва е гостин на Отворено Студио 1 на 1ТВ.мк.
„Јас и колегата Миле Јанакиески веројатно сме светски рекордери по следење, односно нелегално прислушување во најдолг период. Едноставно 24/7 бевме прислушкувани што е најгрубо кршење на човековите права“, изјави Јанкулоска и додаде:
„Ни на крај памет не ми падна да помислам дека би можело јас да бидам таргет толку долго време и толку континуирано“.
Инаку Гордана Јанкулоска е една од обвинетите во случаите на СЈО, но засега за нејзе не е побарано притвор како за колегата Јанакиески кој денес заврши во „Шутка“.