Унгарија не го сака Груевски – бара Никола да биде екстрадиран во Македонија

0

Владата на Унгарија од страна на унгарските опозициски партии беше повикана да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер на Македонија и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој побара азил во земјата.

„Јобик“, унгарската националистичка партија, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во Македонија.

Адам Миркоцки, портпаролот на „Јобик“, ја оквалификува ситуацијата како „невиден скандал“, посочувајќи дека Груевски е „баран криминалец“ од земја, каде нема војна и тој не е гонет врз религиозна или политичка основа.

Ричард Барабаш, портпаролот на „Дијалог“ нагласи дека местото на Груевски е „зад решетки“.

Претходна статијаОд инает кон свекрвата – три години не сум имила прозори, а тие светат како да се денес избришани
Следна статијаФОТО: Татјана Стојановска го прослави својот роденден – свеќите на тортата покажаа колку години наполни