Политичката партија Левица, по повод последните случувања и објавата дека Груевски е во Будимпешта излезе со соопштение до јавноста кое интегрално ви го пренесуваме
ИТНА ОСТАВКА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
После објавената информација за бегство на поранешниот премиер, Никола Груевски, бараме итна и неотповиклива ОСТАВКА од министерот Спасовски!
Се работи за четврти осомничен од СЈО кој е во бегство надвор од границите на државата, што нуди сериозни индиции дека се работи за прикриен договор помеѓу власта и опозицијата, се со цел да се реализира нелегитимниот процес за промена на Уставот и насилен влез на државата во НАТО.
Нема да ви помине скапиот театар платен од џебот на сиромашните граѓани!