Детали за силниот земјотрес кој ја стресе Македонија

0

Попладнево почувствуван е земјотрес во поширокиот дебарски регион,кој предизвика вонземиреност кај жителите, посебно кај оние кои живеат на повиските катови на стамбени згради.

Потресот беше почувствуван во 14:47 часот.

Според албанските медиуми епицентарот е на 21 километар од северниот албански град Скадар, во околината на црногорскиот град Улцин и е со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

Потресот силно е почувствуван во северните дел на Албанија,а со помал интензитет и во Тирана, Лежа и Пешкопеја.

Земјотрес со помал интензитет во текот на изминатата ноќ ги вознемирил жителите од подрачјето на Голема Малесија,исто така во северниот дел на Албанија.

Претходна статија„Обезбедете ми ги само двете барања и уште утре, со првиот авион се враќам во Македонија“
Следна статијаШекеринска: Зошто требаше четири дена за налогот за притвор на Груевски од суд да стигне во МВР?