„Обезбедете ми ги само двете барања и уште утре, со првиот авион се враќам во Македонија“

0

Ја сакам Македонија повеќе од се и над се, овде сум роден, израснав, живеев, но преку мојата фамилија не можев, едноставно тоа беше посилно од се. Еве како две години се преселивме во Шведска каде работам и пристојно и достоинствено живеам.

Причините кои ме наведоа и присилија да си заминам не се од финансиски карактер. Јас и во Македонија фала му на Бог добро заработував. Имама прекрасно семејство, сопственд дом, а мојата професија како електричар ми дозволува достојно да заработувам.

Но она што „пукна“ во мене и беше клучен момент за да се спакувам и заминам од Македонија се само и само две причини. Имено моето синче коа е со аутизам немаше или ајде во најмала рака и поблаго кажано, никаков третман во училиштето, како од вработените, така и од другите дечињата. Овие деца мора и тоа како со големо внимание да бидат третирани и негувани. Надлежните и вработените би требало да преземат мерки со кои децата со аутизам треба да се социјализираат и развијат.

Втората причина која што ја „прели чашата“ е отказот на мојата сопруга која цели 10 години работеше како медицинско лице. Чесно и поштено сиот период најпрофесионално ја извршуваше својата работа, но кога дојде време да и се даде решение за работа следеше шок. Доби отказа а на нејзино место се вработи партиско лице, а згора на се, со само неколку месеци искуство.

Овие две неправди предизвикаа голема болка во моето срце, гнев, нервоза, разочараност, сите најлоши чувства во исто време. Но подготвен сум да простам, да, добро прочитавте. Доколку моето синче добие соодветен третман од нашето образование, а сопругата биде вработена, уште утре, со првиот авион ќе се вратам дома.

Претходна статијаМу благодарам на Бог што ме спаси – Дарко Лазиќ побарал Поп за да се исповеда
Следна статијаДетали за силниот земјотрес кој ја стресе Македонија