Се огласија телохранителите на Груевски – открија детали за Никола

0

Телохранителите на осудениот Никола Груевски, кој од петокот ги избегнуваше судските органи да му го врачат конечното решение за издржување на затворската казна, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.

„Колку што знаеме, неговите телохранители пред одделот за потраги во МВР кажале дека последен пат го виделе во четвртокот навечер, на 8 ноември, кога го оставиле дома. За да го обезбедуваат, тој треба да ги повика нив ако излегува.

Во петокот не ги повикал воопшто, што се случувало и порано, бидејќи не излегувал задолжително секој ден. Не го повикал обезбедувањето ни викендот, а ни денеска, до распишување на потерницата“, ни изјавија од Основниот суд Скопје 1, чиј доставувач го бараше три пати во петокот и еднаш денеска и не го најде дома.

Пред зградата на Груевски во Кисела Вода, има и полициска куќичка, во која има лице кое го чува објектот. Службените лица кои се менувале од четвртокот до денеска, неофицијално, пред органите на потргата кажале дека не го виделе дека овие денови ја напушта зградата. Но, укажале дека секој од станарите може незабележано да излезе со возило од подземните гаражи и тоа од куќичката да не се види.

Целата сторија може да ја прочитата на: СДК.мк

Претходна статијаСтојанче Ангелов: Молам не го вознемирувајте семејството на Никола Груевски
Следна статијаПоскапуваат билетите за градскиот превоз?!