Стојанче Ангелов: Молам не го вознемирувајте семејството на Никола Груевски

Семејството е света работа. Апелирам до целата јавност, посебно до новинарите.

Молам, не го вознемирувајте семејството на Никола Груевски, порача на Фејсбук лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– Неговата сопруга и неговите деца не се виновни за неговите злодела. Оставете ги на мир, децата се деца, нема потреба дополнително да се вознемируваат и трауматизираат.

Да покажеме човечност, да не бидеме како Груевски и неговата клика“, напиша Ангелов.