Шоуменот Игор Џамбазов денеска е итно однесен во болница. Игор, наводно е хоспитализиран затоа што му се влошила здравствената состојба, пишува „Вечер“.
Веста ја потврдил негов близок пријател кој не открил за што точно станува збор.
Игор требаше да одржи концерт пред крајот на годината, но и тој е одложен за февруари следната година.
Пред 3 години Тој доживеа две операции на левата и десната нога во специјалната болница „Филип Втори“.
– Тука ме донесе проблемот кој се таложел со години и години нездрав живот. Моите бурни 30-ти и 40-ти. Уште за време на пробите за големиот концерт во Борис Трајковски пред скоро 2 години, почнав да чувствувам трнење во нозете кое во наредните неколку денови полека прераснуваше во непријатна болка.
Се залажував дека тоа ми е од незгодната поза во која седам на шанк-столчињата за време на концертите, иако знаев дека не е така. Во последните две години интензитетот на тие болки беше се посилен и посилен после секој настап. Конечно, пред две недели, во Гевгелија се разбудив со двете нозе потполно вкочанети и целосно побелени.
Едноставно не ги чувствував. Како да не беа дел од мене, изјави Џамбазов за официјалната страна на „Филип Втори“.
За среќа тој на време се обратил на лекар и во вистинско време е опериран. Ако само закаснел неколку минути, кој знае што сè можело да се случи.
– Се донесе одлука за итно оперативно лекување. На компјутерт беше верифицирано дека има промени во циркулација на десната нога. Регистрирани се како хронични промени во висина на крвните садови на зглобот на коленото, поради што во втор акт се одлучи да се направи бај пас. После оперативно циркулациски се доби одличен доплер наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична, изјави медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева.