Ана Севиќ за родителите на Дарко Лазиќ: „Уште ме мразат и не разговарам со нив!”

0

Реши да стави крај на сите шпекулации и да ја открие вистината

Пејачката Ана Севиќ прв пат се појави во јавноста откако нејзиниот поранешен сопруг доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Таа во емисијата кај Огнен Амиџиќ прозборе за односот со родителите на Дарко, девојката Марина, како и за животното осигурување на пејачот, кое некои медиуми објавија дека пејачката го барала по несреќата.

Јас го плаќав животното осигурување за Дарко како и за целото семејство и мислам дека седум дена по несреќата ми се јавија од осигурителната компанија да видат што се случува.

И кога дознаа како се случила несреќата, добивме информација дека од тоа нема ништо. Мајката на Дарко ми се јави тој ден и ме праша што се случува со животното осигурување, а јас и пренесов што ми рекоа од компанијата, вели Ана.

Таа заклучи дека осигурителната компанија не може да ги покрие трошоците за лечењето на Дарко поради условите во кои се случила несреќата, и додаде дека и по несреќата е во лоши односи со неговото семејство и девојка.

Претходна статијаРебека се отвори за односот со нејзиниот сопруг
Следна статијаМиленикот на македонската дијаспора Благоја Грујовски: Профитот надвор од границите е дупло поголем