„Нема љубомора, таа е катанец на љубовта“
Ние си ги знаеме своите граници и добро се разбираме“, вели пејачката
Среќата која ја носи семејството и раѓањето на децата, не може да се спореди со ништо на светот, тврди Ребека, која од бракот со Милан Мики Ристевски ги имаат синовите Маркијан, Макариј и Доротеј.
Мики е сопруг по крој. Заедно бевме долго време пред да влеземе во брак, така што имавме простор да се запознаеме кои сме и што бара професијата од нас.
Неговата интелигенција, духовитост и вкусот ми навестија дека е маж со космополитски дух за разлика од балкан-бој стереотипите.
Дека е маж кој ќе ми овозможи да се релизирам токму така како што сакам. Тоа беше и еден од моментите кои го донесоа судбоносното ДА.
Ние си ги знаеме своите граници и добро се разбираме, не покажувам љубомора, свесна сум дека таа е катанец на љубовта”, вели Ребека, која одлично се носи со улогата на мајка, сопруга, а во истовремено и пејачка.
Извор: Убавина и здравје