Се венчал со малолетничка помлада 28 години од него, па му следело пекол: Се чувствував како животно

0

Откако се заљубил во 28 години помлада девојка, ќерка на својот пријател, и се венчал со неа, возачот на автобус, Енди, рекол дека во родниот град го етикетирале како педофил, поради што биле приморани да се отселат од својот дом во Северен Велс.

-Енди (47) и Бет Телфорд (19) се венчале пред три години, кога Бет имала само 16 години, пренесува „Mirror“.

Се запознале преку мајката на Бет, а врската ја започнале кога таа била сè уште малолетна. Меѓутоа, кога селаните дознале за врската, во нивниот живот се случил пресврт. Бет после тоа се оддалечила од својатата мајка, која не ја одобрувала нивната врска и љубов.

Енди се присетил на насилството кое го трпел, откако веста за нивната врска излегла на површина и времето кога на автобусот му било напишано „педофил“.

„Тоа беа навистина мрачни денови. Се чувствував како да сум некој вид животно, бидејќи излегував со помлада девојка“, рекол тој.

Тие имале мала свадбена церемонија во северен Велс, а сега живеат со своите два сина, околу 270 километри оддалечени, во Ланкашир.

Бет рекла дека 28-годишната разлика никогаш не ѝ пречела.

„Секогаш сакав да основам семејство и затоа мислев дека Енди би бил совршен маж за тоа“, рекла Бет и додала дека сопругот не го гледа како татко или старец.

Тие сега се вратиле во родниот крај во Велс на семеен одмор, но сакаат да се вратат засекогаш.

„Живеев во Велс 40 години, мојата мајка беше таму, мојата баба исто така. Многу е тешко и ништо не може да биде лесно кога не си таму каде што си пораснал и каде што се твоите сеќавања и семејство. Тоа ме убива постојано. Не сакам да постапуваат лошо со мене… ние сме Бет и Енди, зарем не?“, рекол Енди, кој тврди дека нивниот брак е подеднакво добар како што бил пред три години.

Претходна статијаСвекрвата до снаата: Снао, престани да ме оговараш, тукну дигни телефон кога ти вртам
Следна статијаМиле Јанакиески: Какво туширање, избори се, треба гласачи да носи он се тушира