Дарко мора да одговара кривично – пејачот се бори за живот, но не може ни да сонува дека надвор го чека ваква казна

0

Пејачот Дарко Лазиќ на кој после тешка сообраќајна несреќа му беше извадена слезината и направена му е операција на белите дробови, за вградување на колк се чека, не е ни свесен дека надвор го чека законска пресуда.

Без оглед што се здоби со тешки повреди, пејачот си го загрози животот себеси со непочитување на законите, поради што ќе одговара.

-Кобната ноќ кога излета од патот, Лазиќ возел со непрописна брзина од 150 килоемтри на час поради што ќе добие 4 казнени поени и ќе мора да плати казна од 10 до 20.000 денари.

За да биде уште полошо возел без возачка дозвола, што му носи уште 14 казнени поени.

Меѓутоа, тоа не е се. Го чека и парична казна од 100 до 120.000 динари или 15 до 60 дена затвор. Дарко нема можност за договор со признавање на вина, бидејќи веќе има повеќе од 2 прекршочни пријави – објаснуваат од полицијата.

Дарко последните 5 години возел без возачка дозвола, бидејќи му била одземена. Тоа исто така е казниво во сообраќајот. Дарко во неколку наврати возел и нерегистрирано возило и без адекватна дозвола.

Неговото полициско досие доволно зборува за несовесниот возач кој на крајот си го загрозил животот не постапуѕвајќи според прописите.

Претходна статијаМакедонецот Фил Наумоф е еден од победниците на вчерашните избори во САД
Следна статијаДимовски: Да не се лажеме дека Грција ќе го промени односот кон македонскиот народ – ова е болно што се случува