Јелена Карлеуша откри дека не се плаши дека нејзиниот сопруг, фудбалер Душко Тошиќ ќе ја изневери и замени со некој помлада девојка.
Пејачката вели дека не се плаши од годините и вели дека за две децении ќе изгледа згодно.
„За 15 години се гледам како атрактивна жена. Претпоставувам дека медицината, технологијата и универзумот ќе направат се за да жените не стареат“ вели Карлеуша.
На прашањето дали се плаши дека Душко во средните години ќе го изневери со помлада девојка, таа одговори:
„Па кој вели дека тој ќе ме замени? Има криза на средни години кај мажите, но и кај жените, хахаха. Што ако мене ме фатат? Јас ќе го заменам него. Така да, не знам зошто не ми го поставите мене ова прашање. Зошто мажите да наоѓаат помлади девојки, а жените не можат да најдата млади момчиња?
Секако дека се плашам од тоа, но се плаши и Душко. Се додека заедно се плашиме значи има љубов и емоција. Се чуваме така што не сме често заедно, па си фалиме еден на друг“, вели Карлеуша и истакна дека секс адерата е евтина работа.