Од Скопје сум, ќе бидам искрена и ќе кажам зошто не сакам мажи кои немаат пари

0

Родена сум во Скопје, завршив право, го положив правосудниот испит и работам како адвокат во една адвокатска канцеларија во самиот центар. Многу ја сакам мојата работа, сакам што сум самостојна, сакам што поради природата на работата морам секој ден да се средувам, секој ден да носам високи потпетици, скапи одела и чанти. Платата ми овозможува да живеам на висока нога и јас не се жал.

„Имам 30 години, супер работа, добра плата за нашите услови, неколку добри пријателки, многу брендирана гардероба и не сум среќна.Некој би рекол дека сум „збесната“ и дека не знам што да правам со себе, па затоа не сум среќна. Тогаш си помислувам: „Ех, да знаете дека не е злато сè што сјае..:“

После работа сакам да појдам во некое добро кафуле или бар каде што излегуваат градските фаци, да ’бидам видена’, да го пијам најскапиот коктел. Ми се може. Потоа одам дома, се опуштам, се подготвувам за новиот работен ден. За викенд сакам да се опуштам во некој спа центар, или да одам на шопинг во некоја европска престолнина. Некој би рекол ’еј, таа живее со 200 на час’, но не е сè онака како што изгледа.

Постои само еден проблем во мојот живот: сама сум. Немам момче, сопруг, љубовник, ништо. И така веќе две години – бидејќи се посветив на кариерата и на себе си. Е сега, не е дека повремено не се гледам со некој, дури одиме и на вечера, им давам јас шанса на додворувачите. Но, тие се секој полош и полош.. Се сретнуваме, тој во пантолони и кошула од некој неименуван бутик и целиот елегантен, ме води на ручек или вечера.

Го прашувам каде ме води, а тој како каваљер инсистира јас да бирам. Во ред, нема да ти се допадне, ама твој избор. Го носам во мојот омилен ресторан, нему не му е добро. Нарачувам бифтек и омиленото вино, тој пие кисела вода. Глуми дека нешто не е ок, а всушност знам дека не може да плати. Некако поминува таа вечера, му предложувам да платиме по половина, а тој како секој балкански мачо инсистира да плати сам.

Си мислам – кој те шиша, кога си тврдоглав. И потоа го прашувам дали ќе одиме негде после тоа, на коктели, а тој наводно се брза, работи наутро, не му е добро, ова – она, ќе ми се јавел утре. И ако дојде на коктели глуми дека го изгубил паричникот, ви се колнам дека и тоа еднаш ми се случи. Си мислам – зошто воопшто излегуваш на такви места кога не можеш да си дозволиш?

Имаше еден кој можеше да го плати сето тоа. И се забавувавме година и пол. Јас само што почнав да работам, тој веќе на големо беше „во бизнисот“. Убаво одеше, ме следеше во сè. Потоа, после неполна година врска, остана без работа. Одеднаш немаше пари ни за цигари. Си помислив, способен е ќе се снајде, сепак беше на добра позиција во добра фирма. Некако бев сигурна дека „мојот мажјак“ ќе биде баш тоа. Кога тоа – цврц

Господинот почна по цел ден да седи дома, да се дебели, да ги троши заштедите, па уште му пречеше што имам социјален живот и што ретко сум во станот… После него сретнав неколку мажи кои сакаа да се „шлепаат“ покрај мене. Одвратно. Ги мрзам тие мамини и татини синчиња кои мислат дека ако најдат девојка која добро заработува дека добро се ожениле. Море, марш!

Сама го стекнав сето ова. Имам стан во центарот, но него го отплаќам во следните 20 години. Да, имам брендирани работи, чизми, чанти, одам во спа центри… Но, сето тоа сама го плаќам. Сама си го „испотив задникот“ со висок просек, ги положив сите испити на време, па извинете, но не го правев тоа за некој мрзливец да троши мои пари и да живее на мој грб!

Ете, затоа не сакам мажи кои немаат пари. Не можат да ми парираат. Затоа сум сама, но ќе продолжам додека не најдам некој кој е вреден за мене, макар и да заработува пет пати помалку, важно е да знае и да има стил. Девојки – подобро бидете сами отколку во неквалитетна врска и дајте сè од себе за да бидете самостојни, верувајте ми нема ништо подобро од тоа!”

Извор: Букефал; Фото: Илустрација

Претходна статијаДаниел Кајмакоски бил спортист во душата – откри што тренирал и играл
Следна статијаЗа него никогаш не зборува: Марија Шерифовиќ преживеа голема загуба во семејството