Фото: Долги години беа заедно пред да ја запознае Неџла – ова е големата љубов на Бали Бег

0

Еден од најпознатите турски актери, кој ги маѓепса жените ширум светот, Бурак Озчивит и неговата колешка Фахрије Евџен ќе се венчаат идната година на лето. Веста како бомба одекна во турските медиуми, а двојката се уште официјално не ја потврдила оваа вест.

Бурак и Фахрие својот љубовен живот го кријат далеку од очите на јавноста Но она што ги предаде во последно време е тоа што секогаш споделуваат фотографии на Инстаграм во исто време, а на една од нив дури и се гледа како познатиот Бали Бег позира во станот на убавата актерка.

Информираните тврдат дека тие двајца веќе дале капар за вила во мирен дел од Истанбул и дека планираат токму тука да го започнат својот брачен живот, пишува турска Газета.

Новинарите упорно ги следат, а кога минатата недела ја прашаа актерката да ја коментира својата врска со Бурак таа со насмевка на лицето договори:„Не го коментирам својот приватен живот“.

Фахрије и Бурак се запознале пред година дена за време на снимањето на серијата „Дневникот на Фериде“. Додека траеше снимањето се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство, а кога Озчивит ја раскина свршувачката со манекенката Сејлан Чапа сите знаеја кој беше главниот „виновник“ за тоа.
Бали Бег со години беше во врска со оваа девојка, пред да ја запознае Неџла која денес му е сопруга.

Вака изгледаше големата љубов на актерот.

Претходна статијаКога губите контрола и се околу вас се распаѓа, прочитајте ја оваа мудра приказна
Следна статијаОва се трите најубави женски имиња – значат светлина, мир и убавина