По учебниците за историја за петто и шесто одделение, на ред за оценување на листата ставен и Цар Самоил. Мешовитата македонско-бугарска комисија до крајот на ноември ќе му ја крои „судбината“ и ќе утврдува чиј национален херој бил. Бугарските медиуми веќе пренесуваат дека тамошните академици јавно порачуваат дека заедничката историја ќе била светла , бидејќи не поврзувала братска љубов.
По неодамнешната втора средба во Скопје, пред неколку недели, сега експертите по историја на нов состанок ќе ги отворат чувствителните теми околу историските личности и настани во како што ја нарекуваат заедничката историја на двете држави.
На менито на експертската маса за преговарање покрај Цар Самоил, ќе бидат ставени и Кирил и Методиј за кои бугарските историчари и европарламентарци тврдеа дека се бугарски творци, па дури и на организирани уметнички изложби посветени на светите браќа, претставува дека тие ја напишале бугарската азбука. Првиот човек на Бугарската Комисија, Ангел Димитров пред неколку месеци говореше дека македонските учебници се неверојатно погрешни од нивна гледна точка.
За премиерот Заев нема дилема дека Илинденското востание, Цар Самоил и Светите Кирил и Методиј биле заеднички, па оттука немал предрасуди за кој чиј празник бил, а уште помалку дека треба да им земеме нешто на соседите ако го чувствуваат како свое.
„Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани и еве денеска заедно и ги чествуваме. Македонија сама си ги чествува, Бугарија дел од нив самостојно ги чествува, но и заедно ги чествуваме. Тоа е дел од заедничката историја.“, изјави премиерот Заев.
Ама во август пак во изјава Заев рече дека Илинденското било македонско востание, на што официјална Софија побара извинување. За помалку од 24 часа македонскиот премиер се извини.
Извор: Алфа