Како на филм, херојот се викна Снупи: Куче спаси момче од пожар, по што загина

0

Тригодишното куче Снупи стана херој во Словенија, откако во градот Равне спаси 13-годишно момче од пожар, но при тоа самото загина.

Во пожарот што ја зафатил куќата на семејството Камник на првиот кат спиел еден од двајцата близнаци, а Снупи со лижење и благи загризувања успеал да го разбуди од сонот. Момчето пробивајќи се низ чадот и пламените јазици се симнало на долниот кат, од каде неговиот брат повикал пожарникари.

Пожарот го уништил целиот прв кат на куќата, а пожарникарите по интервенцијата го пронашле кучето на подот. На Снупи веднаш му била пружена помош во ветеринарна станица, но кучето не преживеало.

Спасеното момчето поминало само со лесни знаци на труење, а според пожарникарите брзата реакција на кучето му го спасила животот.

Претходна статијаДевојки бидете крајно внимателни од мажите во овие три хороскопски знаци
Следна статијаНајдобриот пријател на Дарко Лазиќ си ја отвори душата: Само да биде добро па да направиме голема веселба