Полицајци во рутинска контрола забележале кражба, брзо интервенирале, но одговорот бил жесток

0

Двајца полицајци биле изрешетани рано утрово во Сараево, додека се обидувале да спречат кражба на автомобил.

Според Адем Зољ, премиер на Сараевскиот кантон, кога полицајците при патрола пристигнале на паркинг во населбата Алипашино Поље околу 4.50 часот и забележале обид за кражба на „голф 6“, крадците веднаш почнале да пукаат на нив со автоматско оружје.

Притоа бил убиен Адис Шеховиќ (46), додека неговиот колега Давор Вујиновиќ (43) во критична состојба бил пренесен в болница, но претпладнево им подлегнал на повредите и покрај извршените операции и обидот за реанимација.

Според некои сознанија крадците потоа избегале кон Источно Сараево, а полицијата на Сараевскиот кантон трага по сторителите во соработка со полицијата од Република Српска.

Претходна статија(ФОТО) Носачите на багаж штрајкуваат, она што се случува на аеродромот не е за гледање
Следна статијаНикој не очекуваше ваков одговор: ВМРО-ДПМНЕ ги призна бизнисите на претседателот Мицкоски