Родителите на мојата девојка купија нова машина за перење алишта. Јас како човек баш од таа струка се понудив да им објаснам што и како, зошто знам дека нема да се снајдат, луѓе се во години, исто како и моите. Досега користеа стара машина од Горење од 85’ година.
Татко и многу сака да се прави паметен, као он е глава на куќата и сè најдобро знае, па што има бре јас нему да му објаснувам. Тој е најпаметниот човек а како покритие за ова тврдење ги наведува годините и искуството.
Јас малку се навредив ама премолчив, мое беше да се понудам, па сега они си знаат.
После неколку дена ми се јави девојка ми да одам кај неа дома. Јас си мислев дека е сама како обично, дека нејзините заминале некаде и дека ќе бидеме сами, кога… Цел конзилиум “стручњаци” се собрале околу машината за перење алишта и се чудат зошто не сака да работи.
Нејзиниот чичко вели “абе сигурно нема довод на струја, нешто погрешно сме врзале”, а комшијата гледа па вели: “ има, има, како нема, гледаш свети сијаличката…”. А јас стојам од страна и не знам дали да плачам или да се смеам.
Гледам дека ја пренатрупале машината, ги напикале внатре сите алишта што ги имаат, па едвај извадив дел од нив. Ја затворив и ја пуштив, а машината почна да работи. Комшијата му кажа на татко и’: “Ееее, тоа е зет фамилија му ******”.
Остатокот од денот сите ме гледаа како јас да сум ја измислил струјата наместо Тесла, само татко и молчеше. Мислам дека му беше криво зошто така се испонаша со мене претходно. Јас едноставно само ги следев чекорите и правилата од прирачникот.
И.П.