Вистинско разочарување: Го поканиле целото одделение на роденден, но никој не им дошол

0

Наместо роденденот да биде најрадосниот ден во годината, ден кога се јадат пици и се добиваат подароци, за шестгодишниот Теди долгоочекуваноот момент се претвори во вистинско разочарување.

Неговата мајка не очекувала таков шок. Никој, ама баш никој , не дошол на роденденот на нејзиниот син иако го поканиле целото одделение, вкупно 32 деца.

” Некои од родителите претходно ми јавија дека нема да можат да дојдат, но мислев дека сепак ќе има деца. Теди многу се растажи . Не верувам дека во блиско време пак ќе ми текне да славиме роденден, вели мајката Сил Мацини од Тусон, Аризона.

Сликата на малиот Теди, како седи сам на маса и со пици околу него, брзо стана вирална и многумина се понудија барем да купат подарок за малото момче. Од локалниот кошаркарски тим на семејството му испратија билети, со покана да го прослав роденденот на натпревар, а многумина испратија слатки и балони на негова адреса.

“Му честитаа добронамерните странци, но тој ги очекуваше своите другарчиња и тоа до последен момент. Не можам ни да ви опишам во какво расположение се вративме дома, вели мајката.

Претходна статијаНаташа Беквалац доживеа сообраќајка – во автомобилот било и нејзината ќеркичка
Следна статијаТатко и на девојка ми се правеше голем фраер, ама на крај мораше да ми се поклони