Ги пуштија сите, но не и него: Само еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ од 27 април остана во притвор

0

Речиси сите пратеници кои се обвинети за крвавиот четврток се ослободени од куќен притвор. Единствено за кој Апелација нема одлука е пратеникот Крсто Мукоски.

Апелациониот суд Скопје го ослободи од куќен притвор и пратеникот Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ, откако тоа претпладнето го стори кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 за неговиот партиски колега Сашо Василевски. Апелациониот суд Скопје треба да одлучи уште за пратеникот Крсто Мукоски, за кого Скопска апелација уште нема одлука.

Претходно од притвор со гаранција од над 600 илјади евра, беше пуштен обвинетиот ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Остануваат во притвор во Шутка уште единаесетмина и уште толку во куќен притвор. Дел од обвинетите кои се во куќен притвор кои се во можност да контактираат со новинарите, утринава прашуваа дали е точно што се шушка дека пратениците со парични гаранции ќе бидат ослободени од куќен притвор?

Василевски кој веќе ќе може да доаѓа на собраниските седници даде гаранција од 400 000 евра а Арнаудов од 300 000 евра.

Претходна статијаПаѓа одлуката која сите со душа ја очекуваат: Дали „Виз ер“останува или заминува од Македонија?
Следна статијаВИДЕО: Беквалац по инцидентот за првпат пред камерите – доби интимно прашање па ја разбранува цела јавност