Паѓа одлуката која сите со душа ја очекуваат: Дали „Виз ер“останува или заминува од Македонија?

0

Само една нискобуџетска авиокомпанија повторно поднела барање за државни субвенции. Неофицијално и овој пат тоа е досегашниот превозник, Виз ер.

Ова беше втор јавен повик, откако првиот беше поништен поради некомплетна документација на ВИЗ ер, кој беше единствен апликант. Од Министерството за транспорт информираат дека до 26 октомври Комисијата ќе донесе одлука по барањето за тригодишно субвенционирање.

Основните критериуми за добивање државна помош се авиопревозникот во текот на минатата година да има превезено најмалку 10 милиони патници и да остварил профит од 25 милиони евра.

Субвенционираната компанија има обврска до 10 јануари да воспостави база од најмалку еден авион на еден од македонските аеродроми и да воспостави по две нови дестинации како од скопскиот, така и од охридскиот аеродром. Дополнително, за период од една година, авиопревозникот е обврзан да воспостави уште две нови дестинации од охридскиот аеродром.

Сите шест нови линии не треба да биле опслужувани со редовен воздушен превоз во последните две сезони, а ќе се одвиваат најмалку два пати неделно.

Авиопревозникот ќе добие еднократна финансиска поддршка од 40.000 евра за секоја нова дестинација, но и субвенции за секој превезен патник до тие дестинации.

Претходна статијаНајдобриот другар на Тоше: Сè си мислам дека од негде ќе се појави
Следна статијаГи пуштија сите, но не и него: Само еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ од 27 април остана во притвор