Талат му стави блокада: Не му даде збор за Мицкоски

0

Талат Џафери, денеска не дозволи обраќање на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во Собранието, кој денеска изутрина побарал од Собранието, согласно чл.72 ст.2 од Деловникот за работа на Собранието да има свое обраќање по повод расправата за Уставни измени.

Според упатените Џафери со оваа своја постапка директно го прекрши Деловникот.

Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција, и чиј што Претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени, пишува во Барањето упатено до Собранието.

Претходна статијаМицкоски бара итно да се обрати во Собранието – што ли има да каже лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Следна статијаСе носи нов закон во Бундестагот: Еве од кога ќе може во Германија да работите со македонски пасош