Познатиот македонски музичар по двете операции ја моли државата за помош

0

Некогашниот предводник на познатиот оркестар „Неат Кинг Велиов“ Неат Велиов кој изминатите неколку години падна во лоша здравствена и финансиска состојба се реши да побара помош од државата. Неговото сознание дека државата им помагала секогаш на наши сограѓани, кои биле едни од најголемите амбасадори на нашата држава, во случајот на Неат, музички амбасадор, се решил да конкурира по објавениот Конкурс што го распишал Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2018 година.

Целокупната документација која е наведена во Конкурсот во предвидениот рок ја поднел до „Министерството за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ и сега со нетрпение очекува како ќе се произнесе Одборот кој ја доделува наградата а таа изнесува десет (10) просечни месечни плати на Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Се надева дека тој ќе биде наградениот од причина што години наназад успешно ја претставуваше Република Македонија со изведба на ромски песни во оригинална верзија и со преработка ширум светот а за тоа сведочат големиот број на домашни и меѓународни признанија кои ги има добиено.

Денес на Неат Велиов му е нарушена здравствената состојба за што досега му се имаат извршено две операции на ногата (поради тоа тешко се движи) а згора на тоа што поради немањето можност да ги издржи концертите и настапите не ги прифаќа поканите за учество освен оние хуманитарните што е причина за неговата мошне лоша финансиска положба.

Време е државата да му помогне на Неат име и презиме кое остави длабоки траги во македонската и ромската музика, а добиената награда ќе му помогне да реши голем број од насобраните проблеми и решавање на дел од долговите кон ЕВН, комуналното претпријатие и до некои други субјекти.

Ајде да му помогнеме на Неат Велиов.

Претходна статијаСашо Ордановски: Заев, а да престанеш да не понижуваш повеќе
Следна статијаНека го објасни некој ова: Цената на нафтата падна за повеќе од 4 %, а во Македонија дизелот поскапе