Големиот хит на Тоше Проески „Соба за тага“ во себе крие тажна приказна – ова е тајната за песната

0

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на големиот човек и пејач, Тоше Проески кој трагично загина во 2007 година, во својата 26-та година од животот. Тоше на 16 октомври загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска. Пејачот спиел во џипот кој удрил во шлепер пред него.

Тој во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на UNICEF, а исто така е и добитник на хуманитарната награда “Мајка Тереза”. Во текот на својата кариера, Тоше објави десет албуми, а неколку и во превод на српски и хрватски јазик. Последниот албум на кој работеше беше „Игри без граници“, а по неговата смрт беа објавени уште три албуми со негови песни.

Еден од најголемите хитови на нашиот Тоше Проевски е музичката нумера насловена „Соба за тага“. До сега, оваа музичка нумера не ја следеше никаква историја зад нејзиното смислување, но во последно време полека се откриваат вистинските легенди околу текстот на оваа песна.

„Помеѓу врати и прозорци

на кревет спомени лежат

тука се моите чекори

но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам

сите си мислат дека се кријам

нема да пројде само од себе

се ме боли после тебе !“

Се зборува, дека оваа песна ја напишал маж и тоа за време на одлежувањето на неговата казна за убиство на љубовникот на нејзината сопруга.

Стиховите стигнале до менаџерката на Проевски, која внимателно ги проследила и заклучила дека ќе бидат хит.

Кружат гласини и дека затвореникот – текстописец, воопшто не барал никаков паричен надоместок за направеното ремек дело. Единствено, сакал да стои посвета во оригиналниот албум, што и навистина се случило

Но, секогаш постојат два правци, две приказни, две вистини, две легенди. Втората приказна е сепак малку поблага помалку драматична. Таа објаснува дека сепак станува збор за затвореник, но тој не одлежувал казна за убство, туку за кражба на банка. А песната била напишана за неговата девојка.

На што ќе верувате вие тоа останува на вас самите.

Претходна статијаОд градска девојка станав селска, робинка на свекорот кој се понашаше како да е господар
Следна статијаМартин Џон од Америка: Комунистите се стремат да го уништат основниот животен мотив – профитот