Познатата ТВ водителка Лила Филиповска и нејзиниот колега Сергеј Варошлија кој важи за еден од најдобрите модни критичари во нашата држава, се решија викендот да го поминат заедно.
Атрактивната Лила се реши на своите фанови да открие каде и со кого го минува овој продолжен викенд. Филиповска со својот колега Варошлија уживаат кај нашиот јужен сосед.
Водителската двојка се наоѓа во Солун, а доказ за тоа како си поминуваат се фотографиите што ги споделуваат на своите профили на „Инстаграм“.