Сигурно не го знаевте ова за Милена Дравиќ: Три пати се мажеше, сите тројца беа познати филмски фаци

0

Актерската дива Милена Дравиќ денес чекори во својата 78 година од животот. Во својата богата актерска кариера може да се пофали со бројни театарски, филмски и ТВ остварувања, но зад неа останаа и три брака, со тројца познати мажи!

Со нејзината харизма, извонреден талент и убавина, многу режисери ги оставше без здив, но исто така и мажите кои копнеа по неа, таа да биде во нивна близина.

Еден од првите чие срце го освои, тогаш младата Милена Дравиќ беше режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ, кој денес има 93 години.

Мојата најголема љубов беше Милена Дравиќ. Таа љубов прерасна во брак во 1960 година. Во тоа време, Милена беше голема ѕвезда. Чекоревме од филм во филм.

Но, кога забележав дека и пречем и по многу нешта, не сум маж за неа, пријателски се разведовме – ќе изјави тој за „Политика“.

По разводот со Ѓорѓевиќ, со кого таа помина неколку години заеднички живот, Милена повторно одлучи да му каже судбоносно “ДА”, овој пат исто така на еден режисер – Војислав Кокан Ракоњац.

Тие се венчале и биле заедно се до неговата смрт во 1969 година, кога тој починал на возраст од само 34 години.

Милена и Кокан се сретнаа воРадио Телевизија Белград кога работеа заедно за детска серија “Добра ноќ, деца”. Според извештајот на тогашниот печат, Кокан Ракоњац беше слика и прилика на најпосакуваните белградски момчиња. Навидум груб, но привлечни за девојките и комплетен ентузијаст за филмот. Тој беше во центарот на тогашната боемштина.

Од уметничкиот свет знаеше секој што требаше да се знае и можеше да воспостави контакт со сите.

Третата и голема љубов на Милена Дравиќ, беше актерот Драган Гага Николиќ. Таа ги помина најубавите години на својот живот со него.

„Сеќавања, спомени …“ – пишува прелистувајќи ги старите фотографии, Милена Дравиќ.

Претходна статијаФОТО: Лила Филиповска и Сергеј Варошлија се заедно – открија каде се наоѓаат
Следна статијаИ кај нас во Австралија мажите сакаат да изигруваат посилен пол, но јас давам јасно назнаење дека тој е само рамноправен партнер во домот