Елеонора ги шокираше сите: Би сакала дечко како што е тој

0

Новата учесничка во реалното шоу „Задруга“ Елеонора Милјковиќ при влегувањето истакна дека ја исклучува можноста во шоуто да си фати дечко.

Пред неколку дена, на прашање на Луна Џогани доколку мора да избере, со кој дечко од „Задруга“ би била, таа тогаш одговори дека тоа би бил Алекса Савиќ. Синоќе за време на играта вистина, Македонката појасни зошто го избрала токму Савиќ.

„Го одбрав Алекса бидејќи навистина е убаво момче. Многу добро се однесува. Културен, мирен и една особина што е многу верен на својата девојка и секоја чест за тоа. Еве овојпат ја поздравувам Мина. Да не се гриже. Тој покажува дека е многу лојален, дека многу ја сака и тоа е една од причините што јас би сакала да имам такво момче покрај мене“ изјави Елеонора.

Претходна статијаНа пат кон Македонија – 11 мигранти живи изгореле
Следна статијаКога „Гугл мапс“ ќе ти го растури бракот