(Видео) Сергеј Варошлија со жестоки критики – Леле Тарабунов си се облекол ко за на нива а не за фестивал

0

Деновиве, во својата емисија Мода, Сергеј Варошлија го коментираше стајлингот на македонските пејачи на „Макфест“:

Кога станува збор за модата, во неговата емисија „Мода“ тој знае да ги пофали, но и да ги критикува македонските јавни личности.

Кога се добро стилизирани секогаш им дава комплименти, но ги критикува и кога ќе направат модна грешка.

На мета се најде и македонскиот пејач Александар Тарабунов кој на музичкиот фестивал учествуваше со песна „Би те одбрал само тебе“.

Иако на многумина можеби им се допадна песната, на Варошлија не му се допадна стајлингот на пејачот.

„Леле Тарабунов, леле Тарабунов. Каква катастрофална модна комбинација е ова. Прво, тој стои како малку да сме на бензинска пумпа, малку сме на нива. На себе нема ништо фино, многу досадна модна комбинација. Црна кошула, црни панталони, па подобро целиот да беше облечен во црно. Многу лош изглед, ова не е „ин“ и нека погледне како изгледаат светските изведувачи“, вели модниот критичар.

Александар сигурно го видел модните коменатри на Варошлија, па на својот Инстаграм сподели фотографија и откри што мисли.

Извор: Вистина

Претходна статијаФОТО: Македонката што влезе во Задруга е мелем за очи: Мирна сум, освен кога сум гладна
Следна статијаПолицијата на нозе: Исчезнаа девојчиња во Битола и Кавадарци