Елеонора Милјковиќ стана првата Македонка која влезе во реалното шоу „Задруга“ кое се реализира и емитува во соседна Србија. Покрај домашните познати и не толку познати јавни личности, за првпат влезе и еден наш претставник, од Македонија.
„Единствен мој страв е да не останам гладна. Многу сум нервозна. Не поднесувам никој. Се ме нервира. Ќе ми недостига и теретаната“ изјави Елеонора откако влезе во „Задруга“.
Елеонора Милјковиќ има српско потекло. Преубавата Елеонора има завршено право, а водителката на „Задруга“ Душица Јаковлјевик ја претстави како „најубавата Македонка“.
Целокупната јавност и гледачите се воодушевени од убавината на Македонката, а за нејзините фотографии на „Инстаграм“ велат дека се разгледници.