Не живее заедно со сопругата и ќерката: Непознати детали за новиот член на „Ѕвездите на Гранд“

0

Веќе започну новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што ќе има и неколку македонски претставници.

Оваа година ќе има многу промени и нови правила, а на местото на Аца Лукас седи пејачот Џорџе Давид.

Пејачот со месеци не живее со својата ќерка и сопруга иако се во брак.

„Џорџе цело време живее со семејството поточно со мајка му, додека сопругата Ана и ќерката Сташа живеат посебно во друг стан. Тој се гледа со сопругата и детето, но соседите го гледаат дека се враќа во станот каде што живее. Иако, неодамна почина неговата мајка Џорџе продолжи да живее сам во станот. На никој не му е јасно што се случува“, вели извор за Блиц.

Овие информации ги потврди и самиот пејач кој истакна дека не живее со сопругата поради нерешно станбено прашање.

„Не живеам со сопругата, Ана со ќерката живее во еден стан, а јас во друг. Се е во ред, сопругата ја сакам најмногу на цел свет, но поради одредени животни околности не живееме заедно, се додека не го решам станбеното прашање, вели Џорџе.

За потсетување, Џорџе на 50 години стана татко кога неговата сопруга му роди ќерка.

Извор: Вистина

Претходна статијаТамара Тодевска: Овде веќе никој не е нормален (ФОТО)
Следна статијаОва се четирите точки од уставот кои ќе бидат променети