Мислите дека 120 со 80 е нормален притисок? Епа, вие сте во голема заблуда

0

Постои мислење дека нормалниот крвен притисок е 120 со 80 и дека сите вредности над тоа се алармантни, па се препорачува преглед и контрола кај кардиолог. Но, има промени.


Европското Кардиолошко Здружение вовело нови упатства, според кои нормален е 140 систолен и 90 дијастолен притисок.

Проф. др. Бранко Белесилин, кардиолог од Клиничкиот центар на Србија, пред светскиот ден на срцето, за српскиот Blic дал изјава за најновите критериуми.


“Повеќето луѓе сметаат дека 120 со 80 е нормална вредност на притисокот. Меѓутоа, крвниот притисок до 140 со 90, односно граница која се смета за нормална.

Тоа сепак, не важи за дијабетичарите, за кои границата е 130 со 80, како и кај постарото население”, вели Белеслин.

Претходно, меѓутоа, се сметаше дека доколку некое лице има притисок 130 со 80, декатоа веќе се наоѓа во претхипертензична состојба, и дека мора да пие лекови за да не се зголеми ризикот од инфаркт или срцев удар.


Меѓутоа, како што сè се менува, така се поместуваат и овие граници. Во Европа критериумите за висок притисок се малку пофлексибилни, со тоа што треба да се води сметка и да се обрати внимание на пациентот за да не се појават компликации кои би можеле да бидат предизвикани од висок крвен притисок.

Претходна статијаСилно невреме доаѓа кон Македонија -очекувајте пообилни врнежи од дожд, грмежи и ветер
Следна статијаАко правите свадба во јануари ќе бидете заљубени – во септември ќе бидете богати