Силно невреме доаѓа кон Македонија -очекувајте пообилни врнежи од дожд, грмежи и ветер

0

Управата за хидрометеоролошки работи и за утре најавува облачно време со пообилни врнежи од дожд. Наместа се очекува да наврнат и над 20 литри на метар квадратен.

Променливото облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд се очекува да се задржи и во следните денови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура во текот на неделата ќе се движи од 2 до 10 степени, а максималната од 11 до 24 степени. Најтопло ќе биде во четврток кога дневната температура ќе го достигне 24-тиот степен.

Уште од изминатата ноќ циклонот Кристијан во најголем дел од државава услови врнежи од дожд кој локално беа и со поинтензивен карактер. Нови поинтензивни врнежи на повеќе места очекуваме веќе во текот на претстојната ноќ како и во текот на утрешното утро и претпладне кога локално ќе наврне позначително количество на воден тало (над 20 л/м2) а локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува Славчо Поповски.

Доста нестабилно време циклонот Кристијан ќе условува цела оваа недела но со тоа што температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значителен пораст па така на средината од оваа недела максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, сепак локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа во попладневните часови. Значително поинтензивни врнежи и тоа во текот на целиот ден ќе имаме во петок и сабота кога локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и со услови за ретка појава на град.

До крајот на оваа недела локално ќе наврнат дури над 50 л/м2 воден талог што значи циклонот КРИСТИЈАН понатаму ќе стане и помоќен и ќе условува се повеќе врнежи.

Претходна статијаНе одев во градинка, дома ме чуваше баба – таа за сè имаше време, да направи јадење, да го спреми домот, да ги чува внуците
Следна статијаМислите дека 120 со 80 е нормален притисок? Епа, вие сте во голема заблуда