Не одев во градинка, дома ме чуваше баба – таа за сè имаше време, да направи јадење, да го спреми домот, да ги чува внуците

0

Јас не знам како е да се оди во градинка. Мене цел живот дома, ме чуваше баба. Од неа научив да одам, да зборувам, да читам, да пишувам, да си играм. Таа ме научи што значи животот.

Во мое време и ретко кое дете одеше во градинка. Децата од мојата маала сите ги чуваа баби, исто како и мене.

Сега имам 27 години, а мојата баба за жал е почината пред 6 години. До последен момент можев да учам од неа. Не се вели залудно дека во бабите се крие извор на богатство и знаење.

И не, мојата баба не беше школувана шена. Имаше само четвтро одделение, жена родена во село, па кога родила деца, со дедо ми направиле куќа во град, и тука живееја до крајот на животот.

Од баба научив каков е животот. Како да паднеш и повторно да станеш, без да се жалиш. Од баба ги научив првите букви. Мама и тато одеа на работа, а јас дома со неа. Во топло, во чисто.

Секое утро шолја топло млеко и бисквити. За секој појадок направено нешто од вредните раце на баба. Колко би дала и денеска се, само да можам да ги вкусам прекрасните мекици и крофни на баба.

Секој ден учиш по нешто ново. Ново, кое ќе ти го треба секој понатамошен ден во животот. Секогаш чист, среден. Баба беше таа со која си играв кога надвор беше ладно. Облекувавме и соблекувавме кукли. Им шиевме фустани.

Ги носевме на пикник, во другиот агол од собата. Кога имаше надвор сонце, постојано баба ме носеше на прошетка. Некогаш одев и со неа, кај комшиките таа да си пие кафе.

Баба за се имаше време. И да направи јадење, и да го спреми домот, и да ги чува внуците. Никогаш не се жалеше дека има премногу обврски.

Кога тргнав на училиште, баба ме испраќаше, понекогаш и ми ја носеше училишната чанта, бидејќи беше потешка од мене. Баба знаеше да биде најдобар другар. Баба знаеше да ти даде најдобар совет.

Едноставно, баба беше најдобра. И не само мојата, туку верувам дека сите други баби. Бабите имаат посебно место во срцата на внуците, но и внуците кај бабите. Среќен е оној кој и денеска има баба. Може да учи од неа и да и се восхитува.

Претходна статијаНајнови детали од МВР: Познато кој прв ја затекнал Беличанец и пријавил
Следна статијаСилно невреме доаѓа кон Македонија -очекувајте пообилни врнежи од дожд, грмежи и ветер