Концертот „Кафанска ноќ“ кој требаше да се одржи на 20 декевмви во салата „Јане Сандански“ во Скопје од оправдани причини, се одложува за 24 април 2026 година, објави организаторот „Хајп ТВ“.
Во својот подкаст, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објасни дека причината за одложувањето е здравствена состојба на Мира Шкориќ. Тој истакна дека не станува збор за откажан концерт, туку за одложен настан, кој мора да се одржи во целост со присуство на Мира Шкориќ како главна женска музичка ѕвезда, покрај Мирослав Илиќ и Аца Лукас.
„За да нема никакви шпекулации за здравјето на Мира и причината за одложувањето, ќе ја контактирам лично. Концертот ќе се одржи на новиот датум, 24 април 2026, во спортската сала ‘Јане Сандански’. Картите што веќе сте ги купиле важат за новиот термин“, рече Боки 13.
Организаторите велат дека сите што купиле билети не треба да се грижат, нивните билети остануваат валидни за новиот датум. Како што веќе најавивме и како што објави „Хајп продукција“, сите пари од настанот ќе се донираат за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.
Ова нема да биде класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости.























